РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ ЗА ВТОРИОТ ПО РЕД ГЕВГЕЛИСКИ ВЕЛОТЛОН
Љубители на велосипедизмот, трчањето и адреналинскиот спорт ! Во недела на 12- ти Мај, 2024, по втор пат на „офф роуд“ патеката во должина од 4,750 метри, специјално изградена во месноста Курија, крај Негорските Бањи се одржа Гевгелискиот Велотлон 2023.
Организаторот ги повикува сите оние кои сакаат да учествуваат на овој спортски настан, да го направат тоа што побргу, бидејќи до сега се пријавени веќе 50-на натпреварувачи, додека бројот на учесници е ограничен на само 150 учесници. Котизацијата за учество e 600 денари, што вклучува учество во натпреварот, маичка, оброк, а за најбрзите медали и награди.