Од Холандија, во ова време на корона пандемија и ниски температури стигнува еден интересен рецепт за среќа и добро здравје. Рецептот има чудно име „уитваеин“ (uitwaaien), но придобивките се многу практични.
Се препорачува, според овој нивни рецепт, да не се останува многу по дома, туку да излеземе на улиците, во природа, најубаво на Кожуф, да веруваме во моќта на ветрот, кој за среќа го има и премногу во Гевгелија, односно да дишеме свеж воздух, шетајќи по патеките до Вардарски рид и Динќут.
Бидејќи деновите стануваат пократки и паѓаат температурите, „уитваеин“ (uitwaaien) се препорачува против зимското нерасположение, го намалува стресот и ја враќа енергијата. Освен тоа, редовното проветрување ја поттикнува креативноста и ја подобрува концентрацијата.
Во практика, „уитваеин“ може да биде брзо одење или трчање во природа, планинарење или возење велосипед.