Дадената доверба за мене претставува голема одговорност и предизвик, но и обврска веднаш да започнам со посветена работа за да ги остварам посакуваните промени, кои граѓаните јасно и гласно ги побараа на изборите.
На почетокот од мојот мандат исполнет со многу предизвици,
реализирани се повеќе проекти во општина Гевгелија со цел да се заштитат интересите на граѓаните. Чест и задоволство ми претставува што покажавме дека за само 100 дена нештата можат суштински да се променат кога се работи чесно и одговорно. И тоа, во услови на пандемија и енергетската криза, кои се наметнаа како приоритетни задачи.
Затоа, еден од приоритетните зафати, на почетокот од мојот мандат, беше намалување на трошоците за електрична енергија.
-Извршена е целосна замена на старите светилки со штедливи сијалици на територијата на цела Општина Гевгелија.
-Во изминатиот период асфалтирана е сервисната улица од локалитет Милци до клучката на граничниот премин Богородица, со вкупна должина од 776 метри со финансиски средства обезбедени од Општина Гевгелија во вкупна вредност од 9.596.201денари. Оваа улица е од приоритетно значење за овозможување подобри услови за потенцијалните инвеститори.
-Во тек е изградба на улица Александар Бел во с.Мрзенци со вкупна должина од 1090 метри и финансиски средства со вкупна вредност од 14.559.666 денари обезбедени од сопствени средства.
-Ја завршивме започнатата реконструкција на улицата Методија Антонов Чентово с.Мрзенци со вкупна должина од 840 метри. Финансиски средства во износ од 9.996.500 денари , обезбедени од светска банка.
-Изминатите денови извршена е и реконструкција на улици во с.Моин.
-Донесен е детален урбанистички план за блок 16, за поттикнување на локалниот економски развој.
-Започна реконструкцијата на Младинскиот дом во Прдејци, со доделениот средства од ТАВ, а од општинскиот буџет ќе ги обезбедиме средства за внатрешно оплеменување и опремување на истиот.
-За подобрување на безбедноста и условите за престој на децата во образовните институции – обновено е оградувањето во ООУ„Владо Кантарџиев“ и на подрачното училиште во Мрзенци со средства обезбедени од блок дотации.
-Заради поголема комунална хигиена исчистени се дивите депонии во Миравци, Смоквица и Серменин.
-Од неодамна повторно е ставен во функција Систем 48 часа
И воведен проектот „Моја патрола“, за зголемување на ефикасноста во решавањето на пријавените барања од страна на граѓаните.
-Во континуитет имам отворен ден за средба со граѓаните бидејќи директната комуникација ми овозможува детектирање на секојдневните проблеми во општина Гевгелија.
-За збогатување на условите за социјалната заштита воведена е мерката бесплатен третман на деца со проблеми во вербалната комуникација од страна на логопед.
-За младите, како водечки столб за идниот развој на општината, спроведени се неколку активности за нивно организирање и образование:
Формирање на Локално младинско собрание,
Организирање на курсеви по гитара, како и формирање на театарска секција за млади актери од 6 до 14 години.
-Спроведена е и акција за едукација и доследна примена на заштитните мерки од КОВИД-19 во соработка со Црвен Крст Гевгелија.
-На моја иницијатива повторно е формиран шаховскиот клуб „7 Ноември’, а Гевгелија е повторно присутна на шаховската мапа во Македонија.
Почитувани,
Со превзењето на функцијата градоначалник наследив нула основни проекти од претходното раководство и затоа во изминатите 100 дена акцент беше ставен и на изработка на проектна
документација за значајни проекти и тоа:
– Основен проект за Реконструкција на спортската сала ДТВ„Партизан“.
– Основен проект за Изградба на голем урбан парк „Топлик“.
– Основен проект за Реконструција на стариот објект на „Винојуг“ во Богородица.
– Основен проект за Оплеменување на спортското игралиште на улица „Илинденска“ во Гевгелија.
– Основен проект за Изградба на нов пазар во Миравци.
– Основен проект за Реконструкција на старо школо во село Конско
– Основен проект за Реконструкција на старо школо во село Серменин
– Основен проект за реконструкција на младински дом во село Моин
– Основен проект за реконструкција на младински дом Кованец
– Основен проект за реконструкција на младински дом Ново Конско
– Основен проект за реконструкција на младински дом Смоквица
Почитувани сограѓани,
Целта ни е една и единствена – да го подобриме квалитетот на животот на граѓаните во нашата општина Гевгелија .
Ќе покажеме дека со упорност и многу работа оваа наша општина може да биде поубаво место за живеење.
Останете ми во добро здравје.