РАЗОЧАРАНИ ОД РЕЗУЛТАТОТ НО НЕ И ОД РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА. ЧИСТА ДЕСЕТТКА ЗА НАВИВАЧИТЕ

Фудбалската репрезентација на Македонија го загуби и вториот натпревар на Европското првенство, но одново не разочара со прикажаната игра. Украина им се наметна на Македонците уште од првата минута. Средниот ред на тимот на Шевченко веднаш ја доби битката на средината на теренот и Украинците постојано се закануваа.
Јармоленко и Јаремчук со два брзи гола ѝ пресудија на Македонија за прва победа на Украина на овој собир (2-1). Македонците влегоа подобро во второто полувреме. Македонија се врати во 57-та минута.
Трајковски упати ужасен удар што Бушчан едвај го одби во гредата. Пандев потрча по блокираната топка, но Караваев го сруши. Бушчан го одбрани пеналот на Алиоски, но тој ја одби топката директно до нозете на фудбалерот на Лидс, кој не погреши од вториот обид.
Наша последна шанса за бодови на овој шампионат е селекцијата на Холандија, во натпревар кој се игра в понеделник во Амстердам.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *