РАСПИШАН КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ОПШТИНСКАТА НАГРАДА „7-МИ НОЕМВРИ“ ЗА 2024 ГОДИНА.

Наградата “7-ми Ноември” на Општина Гевгелија се доделува на физички и правни лица како знак на признание на општина Гевгелија за остварувања во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот, творештвото, што претставува посебен придонес за развојот на општината и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во државата и надвор од неа.
 
Наградата за значајни остварувања во областите од точка 1, се доделува на физички и правни лица државјани на Република Северна Македонија, жители на општина Гевгелија, односно со седиште во општина Гевгелија доколку се работи за правни субјекти.
Наградата, по исклучок, заради посебен придонес кон напредокот и афирмацијата на општина Гевгелија, се доделува и на физички и правни лица надвор од општината.
 
Наградата се состои од плакета и паричен износ. Право на предлагање кандидати за Наградата имаат правни и физички лица – полнолетни граѓани од општината и правни субјекти од подрачјето на општина Гевгелија. Предлогот за наградата треба да биде детално образложен, а за кандидатите -поединци треба да содржи и биографија.
Кон предлогот за доделување на наградата за печатени дела и други изданија, се приложува и 1(еден) примерок од делото.
Конкурсот трае заклучно со 12.10.2024 година. Предлагачот треба да ги наведе својот полн назив (име и презиме), адреса и телефонскиот број. Формулар за конкурирање за Наградата “7-ми Ноември” на Општина Гевгелија може да се подигне во општината или на веб страницата на Општина Гевгелија (www.gevgelija.gov.mk).
Предлозите се поднесуваат по пошта или во архивата во општината, во два примерока, до Комисијата за утврдување предлози за доделување на Општинската награда “7-ми Ноември”, ул. “Димитар Влахов” бр. 4, Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *