РАНГ ЛИСТАТА НА МАКЕДОНСКАТА ТЕНИСКА ФЕДЕРАЦИЈА ЗА 2021 ГОДИНА

АЛЕКСАНДАР, КРИСТИЈАН, ТИНА И СЛОБОДАНКА СЕ ЧЕТИРИТЕ ГЕВГЕЛИСКИ ТЕНИСКИ „АСОВИ“ НА РАНГ ЛИСТАТА НА МАКЕДОНСКАТА ТЕНИСКА ФЕДЕРАЦИЈА ЗА 2021 ГОДИНА

Гевгелија од секогаш посебно внимание посветувала на развојот на физичката култура и спортот. Да ги споменеме фудбалот, одбојката, кошарката, ракометот, велосипедизмот, мото спортот, атлетиката, шахот… И секогаш во тие спортови, талентираните млади гевгеличанки и гевгеличани постигнувале врвни резултати. Некои од овие спортови, како шахот,одбојката и атлетиката, за жал повеќе не егзистираат.

Но, затоа, се јавуваат нови. Таков е случајот и со тенисот. Во моментот во нашиот град постои ТК „Круна“ во кој тренираат повеќе тениски таленти, но според резултатите и рангирањето, може да кажеме дека се одвојува една четворка, која и оваа година се најде на ранг листите на Македонската тениска федерација.

Така, на листата на Јуниори до 12 години, второто место е резервирано за Александар Грујиќ, а на 23 место се наоѓа Кристијан Џотов, додека на ранг листата на Јуниори до 11 години, Кристијан Џотов го зазема одличното 9 место.
Александар Грујиќ се наоѓа и на листата на Јуниори до 14 години и е пласиран на 14 место.
 
Кај девојките исто така имаме две одлични тенисерки кои се наоѓаат на официјалната ранг листа на Федерацијата.
Така, на ранг листата за жени поединечно за 2021 година, Слободанка Лозановска е шеста, додека Тина Сламкова го зазеде 7-то место. Одлично се пласирани овие две тенисерки и на ранг листата на јуниорки до 18 години. Тина Сламкова го има 8-то место, а Слободанка Лозановска е 11.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *