РАНЕЦ И УЧИЛИШТЕН ПРИБОР ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ

Училишното ѕвонче го означи почетокот на новата учебна 2024/2025 година.
Училиштата подготвени ги дочекаа првачињата, како и учениците од погорните одделенија. Како и секоја година, со организирани приредби, повозрасните ученици, одделенските наставници и директорите им посакаа добредојде на новите 230 првачиња во општина Гевгелија.
 
На дочекот на првачињата во сите основни училишта, присуствуваше и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, посакувајќи им среќна и успешна учебна година, исполнета со многу насмевки, лесно усвоени знаења и другарување.
Традиционално, локалната самоуправа обезбеди ранец и училиштен прибор за секое првоодделенче.
– На овој начин, даваме придонес и им помагаме на родителите, а истовремено ја зголемуваме радоста на првачињата и правиме да се чувствуваат среќно, истакна градоначалникот Сарамандов.
 
Притоа, им посака успешна учебна година и на сите останати ученици, како и на професорите, искажувајќи им почит за нивниот континуиран придонес во изучувањето и воспитувањето на следните генерации.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *