РАДМИЛА ЗАШЕВА, ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА НА ОСНОВНОТО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ „ВАСО КАРАЈАНОВ“

Наставничкиот совет на ООМУ „Васо Карајанов“ – Гевгелија ја прогласи ученичката РАДМИЛА ЗАШЕВА за првенец на генерација во учебната 2020/21 година. Радмила го заврши своето шестгодишно музичко образование во класата по флејта на проф. Сузана Стефанова. Во текот на нејзиното образование покрај концертните активности кои беа организирани од страна на училиштето , Радмила учествуваше на повеќе натпревари и ги има освоено следниве награди: 3 први награди на општински натпревар, 3 први награди на регионален натпревар, 1 прва и 2 втори на државен натпревар и 2 први награди на меѓународен натпревар. Телевизија Нова 12 и посакува на Зашева љубовта кон музиката и понатаму да ја негува и во иднина да ја видиме на големите концертни подиуми кај нас, па и во светот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *