РАБОТИЛНИЦА ВО ДОЈРАН НА ТЕМА КАКО ОПШТИНИТЕ ДА НАПРАВАТ ПОДОБРИ ПЛАНОВИ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ И СПРАВУВАЊЕ СО АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО.

На 2 и 3 декември 2021 во Дојран се одржа работилница за Подготовка на планови за воздух наменета за претставници на општините од Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот и Југозападниот регион. За време на обуката беа презентирани новите измени во Законот за квалитет на амбиентен воздух кои се однесуваат на подготовка на план за квалитет на воздух, беа разговарани основните елементи кои го сочинуваат Планот на воздух, а од страна на консултантите се презентираа и насоки за подготовка на инвентари на загадувачки супстанци се со цел да им овозможи на општините полесно планирање на мерки за справување со аерозагадувањето во својата општина.
На работилницата учествуваа околу 20 претставници на општините и истите имаа можност да работат на разработка на мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во својата општина заедно со релевантните консултанти и претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Обуката е организирана во рамките на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс за аерозагадување во прекуграничниот регион“-ТРАП, ко-финансиран од ЕУ преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција – Северна Македонија и беше организирана од страна на Центар за климатски промени во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање односно Македонскиот информативен центар за животна средина.
May be an image of 10 people, table and indoor
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *