РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА „ПОДОБРУВАЊЕ НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ КАЈ СТАРИТЕ ЛИЦА“

Менталното здравје не треба да биде табу тема. Сегашните и идни пензионери во вторник, на 19-ти декември 2023, во хотел Аполонија, со почеток од 10 часот, ќе дебатираат на работилница за менталното здравје и подготовката за животот во староста. Оваа работилница е дел од проектот „Доживување на втора младост во трета доба“ на Фондацијата Аполонија. На работилницата со свои предавањa ќе учествуваат м-р Розита Андонова, психолог и психо-драма, и Татјана Танчева, психолог и гешталт советник.
 
Проектот се реализира во рамките на Регионалната Програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, финансирана од Европската Унија (ЕУ) и имплементирана од Програмата за развој на Обединети нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Гевгелија Главната цел на проектот е да се зголеми социјалната вклученост, да се подобри квалитетот на животот на старите лица, да се промовира активното стареење и да се поттикне меѓугенерациската солидарност во општина Гевгелија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *