ПРВОМАЈСКИТЕ ТРКИ ВО СТОЈАКОВО СО МАГАРИЊА И КОЊИ, ЗБОГАТЕНИ СО ТЕШКАТА „РАБОТНИЧКА ТРКА“ СО КОЛИЧКИ

И оваа година Стојаково, „центарот на Македонија“ беше домаќин на 73-те, традиционални Првомајски трки.
Учесниците се натпреваруваа во неколку дисциплини, трка со коњи, трка со магариња, трка на сто метри за јуниори и сениори во машка и женска конкуренција, скокање во вреќи, трка на 1500 метри, трка на 3.000 метри, трка со велосипеди, борба на рака и влечење со јаже. На првите три натпреварувачи во сите категории организаторите им доделија и парични награди.
 
Посетеноста на овие трки е голема, а задоволството е поголемо бидејќи се пријавуваат од година до година се повеќено млади учесници,
Во забавниот дел на оваа интересна манифестација, учествуваа ЗКУД” Бран Петрушев” фолклорна секција СТОЈАКОВО
DАNCE ГРУПА “DIVA” Гевгелија , Оливера Станковска, група Фрка , Маја и Џоле група “Акварела”, Сијче и група “FONIA”, Томе Капсаров-Брзи и неговата група. И Richard Taraban Dimitrov.
Почесен гостин беше Игор Џамбазов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *