ПРВОМАЈСКИ ТРКИ ВО СТОЈАКОВО-ЦЕНТАРОТ НА ЦЕНТАРОТ НА МАКЕДОНИЈА
И оваа година, Советот на месната заедница од Стојаково, под покровителство на Општина Богданци ќе ги организирa традиционалните 73-ти по ред Првомајски трки. Станува збор за натпревари во неколку дисциплини, од кои најинтересни, секако се трките со магариња, трките со коњи, работничката трка со колички и трката со вреќи.
Освен тоа, ништо понеинтересни нема да бидат и трките на сто метри за јуниори и сениори во машка и женска конкуренција, трка на 1500 метри, трка на 3.000 метри, трка со велосипеди, борба на рака и влечење со јаже. На првите три натпреварувачи во сите категории организаторите ќе им додели парични награди.
Пријавување не е потребно, велат организаторите, тоа ќе се направи на лице место..
Организаторот не одговара за евентуални повреди но секако тие обезбедија присуство на припадници на МВР и медицинско лице. Почетокот на трките е во 9 часот до доделување на наградите .
Забавниот дел на оваа интересна манифестација, ќе започне од 17 часот. Списокот на учесници го сочинуваат ЗКУД” Бран Петрушев” фолклорна секција СТОЈАКОВО
DАNCE ГРУПА “DIVA” Гевгелија , Оливера Станковска, група Фрка , Маја и Џоле група “Акварела”, Сијче и група “FONIA”, Томе Капсаров-Брзи и неговата група. И Richard Taraban Dimitrov.