ПРВО МЕСТО НА 6 И 9 КИЛОМЕТРИ ЗА ЕПОВ,ЧАЛКОВ И СЕМЕНАКОВ НА „ТРЧАЈТЕ ЗАЕДНО СОЛУН 2023“
По трет пат, денеска, недела , 23 април, во Солун се одржа најинтересната и најзабавната трка „Трчајте заедно Солун 2023“.
Сите учесници на трките на 3, 6 и 9 километри, трчаа во двојки и за да се смета дека една двојка завршила успешно, требаше и двајцата да ја завршат трката. Времето на учесникот кој завршува втор се пресметува како време на завршување на целата трка на двојката која се натпреварува.
ТРЧАЈТЕ ЗАЕДНО СОЛУН 2023 се одржува под покровителство на општина Солун и со поддршка на Меѓународната изложба во Солун.
На трката со голем успех учествуваа и атлетичарите на АК „7-ми Ноември“ од Гевгелија.
На 6 километри Насе Епов и Димитрос Ардалис, на 6 километри го освоија првото место, додека на трката на 9 километри најуспешна беше двојката Ристо Чалков и Влатко Семенаков.
На овие трки настапија уште и Николчо и Живко Костадинови, Костадинови Клара и Јулија и Клара Емилија и Ана Марија Саздови, како и Дарко Прошев и Иван Мицов.