ПРВЕНЦИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈА ГИ ДОБИЈА ЗАСЛУЖЕНИТЕ ПАРИЧНИ НАГРАДИ

Градоначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов, ги прими четирите првенци на генерација: Ѓорги Новаков од ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, Софија Иванова од ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, Димитар Боболков од ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци и Леонид Цуклев од ООУ „Климент Охридски“- Миравци.
 
При тоа, тој им ги врачи решенијата за парични награди во износ од 10.000 денари, честитајќи им за стекнатото признание за нивниот успех во основното, со желби за континуирани успеси и во понатамошното образование.
 
– Нека вашиот избор за учење биде вистинската одлука која ќе Ве води до исполнување на зацртаните цели. Продолжете да освојувате успеси, зашто само на тој начин ќе успеете да ја дооформите и изградите вашата личност. Ние сме тука да Ве поддржиме и да ве мотивираме со вашиот ентузијазам и креативност активно да се вклучите во креирањето младински политики, со што ќе го дадете придонесот во развојот на нашата општина, истакна Сарамандов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *