ПРВ УПИСЕН РОК НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“- ШТИП
Почнаа уписите на студентите во прва година за академската 2024-2025 година на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, информираше на денешната прес-конференција проректот на УГД, Мишко Џидров. Посочи дека првиот уписен рок ќе се одвива во наредните четири дена, односно до 23 август. Кандидатите за упис во прва година на некој од 12 Факултети и трите Академии по електронски пат аплицираа, а од денеска ги посетуваат неколкуте центри на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип да ги поднесат потребните документи. Студентите може документите да ги достават до центрите на Универзитетот, каде што им е и најблиску и тоа во Скопје, Гевгелија, Кавадарци, Струмица и Штип, вели Џидров.