ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „ТРИБУН, ХРОНИСТЕРИК, НОМАД“ НА АЛЕКСАНДАР ПРОКОПИЕВ

Библиотеката Гоце Делчев организираше промоцијата на книгата „Трибун, Хронистерик, Номад“ од Александар Прокопиев на 13.08.2024 во хотел „Аполонија“, во рамки на „Гевгелиско културно лето 2024“.
 
На настанот, кој го отвори директорот Марковски, промоторот Влатко Галевски зборуваше за секоја од трите творечки категории на книгата која е широка, длабока и пловна есеистичка книга на самиот раб помеѓу критичкиот и прозниот дискурс. Содржи десетина текстови со сроден тоналитет, подредени во три музички именувани циклуси: Praeludium, Scherzo и Lento.
 
Почнува, со амбициозна авторска класификација, лична номенклатура на книжевните дејци и заложби на трибуни (Гете, Толстој, Иго, Андриќ, Крлежа, Сартр, Конески…), хронистерици (Достоевски, Ниче, Вајлд, Паунд…) и номади (Чехов, Џојс, Виткаци, Шопов…), што се провлекува до крајот на книгата на повеќе нивоа; тече преку крајно интимни свиоци, дури и епистоларии; и истекува, т.е. се влева, во „книгите што ги нема“, во книгите што сме ги подзаборавиле, а се од суштинско значење за домашниот книжевен контекст: првите збирки раскази на Драги Михајловски, Јадранка Владова и Димитрие Дурацовски од доцните осумдесетти години на минатиот век.
 
Сметан за основоположник на македонскиот постмодернизам, Александар Прокопиев, инаку сега пензионер, сè уште меша прсти во Институтот за македонска литература на постдипломските студии по културологија, каде што долго време беше редовен професор. Тој има објавено дваесетина книги. За збирката раскази „Човечулец“ ја доби наградата „Балканика“ во 2012 година. Делата на Прокопиев се преведени на англиски, јапонски, француски, чешки, германски, унгарски, полски, италијански, руски, српски, хрватски, словенечки, бугарски и на други јазици. Прокопиев активно преведува од неколку балкански јазици. Член е на македонскиот ПЕН и на Независните писатели на Македонија. Тој е уметнички директор на Интернационалниот литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *