ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „СЕКСУАЛНА АЗБУКА“ НА ТАТЈАНА АЛЕКСИЌ

Вчера, на платото пред библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија беше промовирана книгата „Сексуална азбука“ од Татјана Алексиќ, професорка по македонски јазик и литература и медиумско лице препознатливо во јавноста по истоимената едукативно-информативна емисија од забавен карактер, каде свое учество зедоа медицински лица, претставници од верските заедници и високообразовните установи.
 
За оваа книга се вели дека претставува лексикон или азбучник во која што експликациите на сексолошките термини се преплетуваат со духовити културолошки вметнувања и асоцијации.
 
Објавувавме колумни, кои потоа ги преточивме во книга. Немам порив да напишам книга – белетристика, но овде се работи за лексикон, азбучник на сексуални термини, на шеговит начин. Има интересни урбани ликови кои даваа изјави за одредени букви“ вели професорката Алексиќ.
Модератор на настанот беше Емилија Старделова, присутните моожеа да ја набават книгата со потпис на авторката, додека по настанот музика пушташе DJ Mitrik.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *