ПРОМОЦИЈА НА СТИХОЗБИРКАТА „КОЈ ЛИ ТЕ НАРЕЧЕ СМРТНИК“ НА ИВАНКА КАРАКАБАКОВА

Утре, сабота, 13 јули 2024 година, со почеток од 20 часот, во Уметничката галерија „Амам“ ќе се одржи промоција на првата стихозбирка на поетесата Иванка Каракабакова со наслов „Кој ли те нарече смртник“
 
Каракабакова е родена во Гевгелија во 1982 година, живее во Стојаково и од најраната младост се занимава со пишување на поезија. Инспирирана од внатрешниот немир, своите чувства таа се обидува да ги пренесе на хартија преку убавиот пишан збор. Сето ова резултира со нејзината прва стихозбирка.
За самата стихозбирка, писателот Илија Карајанов ќе напише:
 
„Оваа стихозбирка на Иванка Каракабакова претставува обид да се пренесат нејзините поетски чувства и емоции кои биле запретани длабоко во неа и скаменети како слики во нејзината душа. И во оваа стихозбирка љубовта е синоним на осамата, болката, резигнацијата, немирот, но и поетовиот вознес“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *