ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ГЕВГЕЛИСУВАЈНЕ-ВОДИЧ НИЗ ЕДНА ТОПЛОДУШНА ГЕВГЕЛИЈА НА СТЕФЧО СТЕФАНОВ

ЈОУ Библиотека “Гоце Делчев” – Гевгелија во среда, на 26 јуни 2024 година ќе ја промовира пред гевгеличани новата книга на Стефчо Стефанов – “Гевгелисувајне: Водич низ една топлодушна Гевгелија”.
 
Промоцијата на книгата ќе се одржи на платото пред Народен театар – Гевгелија, додека модератор на настанот ќе биде популарниот стенд ап артист Дејан Малзарков.
 
За што се лафе во оваа книга самиот автор ќе каже:
„Ваа кути најнова книгичка на дијалект лафе за едни стотина чишит’лци су кои шо може да са усете топлата душа на Гивгилија. Горе-доло ист чишит е кути претходните две, а може и почишит е.
 
Изданието си легна дек шо му е најпугодано местото – уф роднокрајното издаваштво на Библиотека Гоце Делчев – Гевгелија, а путшутна Општинта су програмта за култура за 2024, ама ербап а залетаа за стварно да си дое ду дома едни Љуѓе кои шо не за џабе тук ги пишум су гулемо “Љ” и без кои Гивгилија нема да е таа таа (си ги пише на убаво место уф книагта).“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *