ПРОГЛАСЕНИ ПОБЕДНИЦИТЕ НА „ЕВРОПОРТА-ФЕСТ 2021“

Вчеравечер, во дискотеката „Де факто“, заврши дводневниот Музички фестивал „ЕВРОПОРТА- ФЕСТ 2021“, и беа прогласени победниците . Стручната жири-комисија во состав Боби Ѓошиќ, Александар Бончев, Елисавета Бончева и Маја Зафирова, имено и ментори на учесниците, ги оценија вокалните способности и сценскиот настап, ги сумираа резултатите и едногласно одлучија победници да има во повеќе категории.
Имено, во категоријата на учесници од 13 до 18 години, првото место го понесе Ања Поп-Костова, второто место и припадна на Тамара Томова, а третото на Патриција Петкова. Победникот Филип Ангов, второрангираната Кристина Терзиева и треторангираните Серафина Горбашлиева и Анела Николова се најдобрите помеѓу возрасната група од 19 до 24 години. Од настапите во состави, првото место им припадна дуетот Филип Ангов и Серафина Горбашлиева, второто на дуетот Ѓорге Митров и Ангелина Несторова и на триото Кристина Терзиева, Анела Николова и Тамара Томова, а третото на квартетот Дијана Јакимова, Марија Папучиева, Ања Поп-Костова и Ангела Зафирова.
Проект-координаторот Маја Зафирова, претседател на здружението „Внимание“, истакна голема благодарност до сите учесници од Гевгелија, Богданци, Валандово и Струмица за учеството на Фестивалот, нагласувајќи дека за неа сите се победници. На Фестивалот учествуваа: Ѓорге Митров, Ангелина Несторова, Патриција Петкова, Дијана Јакимова, Серафина Ѓорбашлиева, Ања Поп-Костова, Мартин Костадинов, Филип Ангов, Марија Папучиева, Ели Бојмалиева, Ангела Зафирова, Кристина Терзиева, Анела Николова и Тамара Томова, исполнувајќи странска и домашна музика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *