ПРОФЕСОРОТ Д-Р САШКО КЕДЕВ ПРЕД ГЕВГЕЛИЧАНИ ЌЕ ЗБОРУВА ЗА СВОИТЕ АЛПИНИСТИЧКИ АВАНТУРИ
На 05.03.2024 година, вторник, по покана од ЗПСК Кожуф“, Гевгелија ќе ја посети проф.Д-р. Сашко Кедев. Во салата на Народниот Театар во Гевгелија со почеток од 18 часот, Кедев ќе ги презентира своите искуства, размислувања и спортски достигнувања при искачувањето на осумте светски врвови над 8.000 метри.
Македонија може да се пофали со многу љубители на планините, но еден од нив се издвојува по својот континуиран успех. Професионалец на две полиња: медицина и планинарство. Сашко Кедев, доктор кардиолог, но и авантурист. Кедев ги има освоено највисоките врвови на сите седум континенти, меѓу кои и „покривот на светот“ – Еверест.