Во среда на 20.12, со почеток од 19.00 часот во Дом на култура „Македонија“ ќе се одржи проекција на филмот „Лена и Владимир“. Влезниците се пуштени во продажба од денес, понеделник 18. декември по цена од 150 денари.
Сценариото е на Александар Русјаков, а играат: Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски.
Наменет е за публика над 16 години. Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов, и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.