ПРИРОДНИОТ ПРИРАСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРОТО ТРОМЕСЕЧИЕ Е НЕГАТИВЕН, – 871, ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА TOJ Е -27

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2024 година, живородени се 3 840 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 7.2 %.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2024 година бележи зголемување од 0.3 % во споредба со истото тримесечје од 2023 година и изнесува 4 711 лицa, а од нив 12 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, односно – 871 лице, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во Општина Гевгелија во второто тромесечие од 2024 година родени се 28 деца а починале 55 лица, природниот прираст е – 27, што значи за толку е помал бројот на живородени деца од бројот на починати лица.

Во второто тримесечје од 2024 година,во Гевгелија се склучени 21 брак, а разведен е 1.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *