ПРИЈАВУВАЊЕТО НА СТУДЕНТИТЕ ЗА ДОБИВАЊЕ СТИПЕНДИИ ОД ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ТРАЕ ДО 8 ДЕКЕМВРИ

Во тек е Јавниот конкурс на Општина Гевгелија за доделување стипендии на студенти- жители на Општина Гевгелија. Согласно донесената Одлука на Советот на Општина Гевгелија за доделување 10 стипендии во академската 2023/2024 година, Општина Гевгелија распиша Јавен конкурс за доделување стипендии на студенти- жители на општина Гевгелија, запишани во прва година на Медицинските, Машинските и Електротехничките факултети во државата.
 
Општина Гевгелија за студиската 2023/2024 година ќе додели:
– 5 (пет) стипендии на студенти- жители на општина Гевгелија, запишани на Mедицинските факултети- отсек Општа медицина во Република Македонија, кои запишале прв семестар во студиска 2023/2024 година, па се до завршување на студиите доколку се редовни студенти;
– 5 (пет) стипендии на студенти- жители на општина Гевгелија, запишани на Машинските и Електротехничките факултети во Република Македонија, кои запишaле прв семестар во студиска 2023/2024 година, па се до завршување на студиите доколку се редовни студенти.
 
Износот на стипендија по студент изнесува 6.000,00 денари месечно, и се доделува десет месеци во текот на студиската 2023/2024 година (од септември, 2023 година, до јуни, 2024 година). Пријавата за стипендија заедно со документите за исполнување на условите од овој конкурс се доставуваат до: Архивата на Општина Гевгелија или по пошта на адреса: Општина Гевгелија, улица „Димитар Влахов“ бр.4, 1480 Гевгелија. Крајниот рок за поднесување на пријави со потребната документација за стипендии е до 08.12.2023 година, до 16 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *