ПРИЧИНАТА ЗА ПОТПАЛУВАЊЕ НА ГЕВГЕЛИСКАТА ДЕПОНИЈА НЕ Е ПОЗНАТА, ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА ЗА ГАСНЕЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЧАДОТ

Повеќе од една недела трае акцијата на ТППЕ- Гевгелија и механизацијата на ЈПКД „Комуналец“ за гаснење и санирање на чадот на старата депонија кај Сува Река, велат од општина Гевгелија. Меѓутоа, поради силниот ветер целосното санирање на запалениот комунален отпад, односно, на чадот беше оневозможено. Изминатиов викенд, по гаснењето на огнот со повеќе противпожарни цистерни, со багери се третираше потпалениот отпад, така што и чадењето од депонијата беше смирено.
– Во текот на целата недела, постојано интервениравме со цистерни со вода, како од возилата на ТППЕ- Гевгелија, така и од ЈПКД „Комуналец“. Огнот беше изгаснат, но ветерот го оневозможуваше целосното гаснење на запалениот дел од депонијата. Поради, тлеењето и ветерот кој повторно го разнесуваше чадот. Затоа и во акцијата беше вклучена и механизацијата на ЈПКД „Комуналец“, која по гасењето го третираше комуналниот отпад. Изминатиов викенд, состојбата на депонијата е под контрола и имаме само повремено чадење, вели командирот на ТППЕ- Гевгелија, Игор Ризов.
Заедничката акција на ТППЕ- Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“ продолжува, така што багерите и една цистерна остануваат на депонијата и во случај на повторно активирање на жариштето, ќе се интервенира. Причината за потпалувањето на дел од комуналниот отпад на депонијата не е утврдена. Но, факт е дека силниот ветер последниве денови што ја зафати Гевгелија, значително придонесе за нејзино разгорување и што е уште полошо за здравјето на луѓето, непрекинато чадење на депонијата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *