ПРЕЗЕНТИРАН ПРОЕКТОТ „ПАМЕТНА КЛУПА“ НА МЛАДИТЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА
Вчера (5 декември 2023 година), во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, се одржа вториот настан во организација на Општина Гевгелија и Агенцијата за млади и спорт во рамки на Проектот за поддршка на младинското учество во животната средина и климатските промени на локално ниво преку вклучување на младите во донесувањето одлуки за политиките за животна средина, поддржан од УНИЦЕФ.
На вториот настан, беше презентирана нацрт-проектната документација на еко-решение за одбраниот проект од страна на младите, Локалниот младински совет и младинските здруженија- поставување паметни клупи во Гевгелија којшто со мнозинство гласови беше изгласан како приоритетен од наведените 13 предлог-проекти на првиот настан за детектирање еко-проблеми на локално ниво. Настанот имаше за цел дискусија и можност за надополнување на нацрт-елаборатот.