ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Регионалниот центар за одржлив развој ги повикува граѓаните на општина Гевгелија на средба со законодавен експерт кој пред присутните ќе го презентира Законот за бесплатна правна помош, механизмите и начините за поднесување на барања и претставки до релевантните институции.
Средбата ќе се одржи на ден 21.(четврток). 12.2023 година со почеток во 16:00 часот во просториите на Центарот за социјална работа.
Средбата е во рамки на проектот: „Биди дел од системот!“ кој го спроведува Регионален центар за одржлив развој, а финансиран од Европската Унија, дел од проектот за „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Македонија“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *