ПРЕМИЕРА НА ПРЕТСТАВАТА „ТОА Е ЖИВОТОТ“ НА ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА ЗА ДЕЦА ПРИ ЈОУ „ДОМ НА КУЛТУРА“

Утре (18 јуни 2024 година), Драмската секција за деца при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Тоа е животот“. Дечињата ќе глумат во ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, а претставата ќе започне во 20:00 часот. Влезот е слободен.
 
Станува збор за омнибус- претстава, работена по драмски текстови на Горан Стефановски, Оливера Николова и Киро Донев, а во режија на раководителот на Драмската секција за деца, Катица Џишева Дупарова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *