ПРЕМИЕРА НА НОВИОТ ЏЕМС БОНД ФИЛМ ВО СКОПЈЕ. АМБАСАДОРКАТА НА БРИТАНИЈА РЕЈЧЕЛ ГАЛОВЕЈ ВО КРЕАЦИЈА ОД ОДРЖЛИВИ МАТЕРИЈАЛИ НА НАШ СТУДЕНТ.

Британската амбасада во Скопје покани пријатели од филмската индустрија, културната дејност и бизнис секторот од Обединетото Кралство и Македонија на премиерата на 25. филм за Џемс Бонд #NoTimeToDie. Брендот Џемс Бонд е стожер на британската филмска индустрија. „Не е време да се умре“ го држи и рекордот на најдолг филм за Бонд, со времетраење од дури два часа и 43 минути. Филмот има и најголем број прикажувања во кино салите од сите други филмови во историјата на Обединетото Кралство, односно имаше прикажувања во 772 кино сали со повеќе од 9000 претстави дневно. Амбасадорката Рејчел Галовеј носеше креација изработена од одржливи материјали што го дизајнираше еден од студентите по моден дизајн кои учествуваа на Ревијата на одржлива мода во организација на Британската амбасада Скопје како дел од овогодинешните прослави на роденденот на Кралицата Елизабета Втора. КОВИД-19 имаше значително економско и социјално влијание врз културниот и креативниот сектор во светски рамки.
 
 
 
 
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *