ПРЕКУ МЕРКИТЕ ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ НА ВЛАДАТА, ВО 2020 ГОДИНА СЕ ОСНОВАА НОВИ 22 ЗАНАЕТЧИИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНИТЕ ГЕВГЕЛИЈА, БОГДАНЦИ И ВАЛАНДОВО

На 63-та седница на Советот на општина Гевгелија ќе се најде и Информацијата за состојбата со занаетчиската дејност во Општина Гевгелија.
Во Регионалната занаетчиска комора во Гевгелија се зачленети преку 300 вршители на самостојна занаетчиска дејност од општините Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран, претежно фризери, автомеханичари, автолакери, лимари, електричари, ѕидари, молери, изработувачи на мебел, поставувачи на подови, а од постарите занаети, часовничари, бакарџии, златари.
Во времето на пандемијата, пишува во информацијата, актуелна беше помошта од страната на државата, со директна поддршка на занаетчиите, со доделување на осум плати од по 14.500 денари за оние занаетчии кои ги исполнуваа условите, за покривање на придонесите и опстојување на дејноста.
Значајно е за оваа 2021 година што со Закон се намали персоналниот данок за занаетчиите за 25% во однос на минатата година, , а исто така е вредно да се напомене дека Општина Гевгелија помогна на занаетчиите со тоа штоги намали комуналните такси за 2020 и 2021 година.
Интересот за мерките за самовработување расте од ден на ден, што зборува фактот дека во 2020 година со финансии од овој грант во висина од 307,500, 00 денари на АВРМ се основаа нови 22 занаетчии, и тоа 10 во Гевгелија, 5 во Богданци и 7 во Валандово, додека без овие мерки се основаа дополнително 5 занаетчии, во Гевгелија четири и во Богданци еден.
Мора да се каже, стои во информацијата дека, сеуште не е задоволителен бројот на занаетчии кои се усогласени со новиот Закон за усогласување и упис во единствениот регистар на занаетчии во Министерството за економија. Само 50 проценти од занаетчиите се усогласени со овој закон, со што се создава нелојална конкуренција и револт кај оние занаетчии кои го извршиле ова усогласување.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *