Танчерската група за модерен балет „Дива“ синоќа настапи пред гевгеличани, љубители на танцот и музиката во еден несекојдневен амбиент на стариот Градски пазар. Перформансот насловен како „Утопија-земја на соништата-2“, мошне професионално и со голем ентузијазам го изведоа младите членови на оваа група.
Кореографот и костимограф Марија Граматикова не го криеше своето задоволство и возбуда по настапот. И навистина треба да биде горда на своите ученици. Со интересна кореографија на музиката на Dead can Dance, Anastasia, ITZY, Pink Floyd, AC/DC, Sun Project I Astra и Projection, преку играта на боите, осветлувањето и музиката, танчерките ни ја доловија борбата помеѓу доброто и злото, во кое, се разбира победува-доброто. Добар почеток на учте една недела на Гевгелиското културно лето.