„ПРЕКРАСНА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И ВОЗБУДЛИВ НАСТАП НА ГРАДСКИОТ ХОР „ГОРТИНИЈА“ ВО РАДОВИШ
По повод отварање на изложбата „МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТОТ НА ХЕРАЛДИКАТА“ а по покана на градочалникот на општина Радовиш г-нот Ацо Ристовски, претседателот на Хералдичкото друштво на Македонија проф. д-р Јован Јоновски, директорот на Домот на културата „Ацо Караманов“ г-дин Никола Миовски и промоторот г-дин Ставре Џиков, Градскиот мешан хор ГОРТИНИЈА настапи на отварањето на изложбата „Македонија во светот на хералдиката“ која се оддржа на 10 јуни, понеделник во Радовиш..
„Настапите на хорот ГОРТИНИЈА во Македонија и во светот се исто така еден вид изложба на композиции кои претставуваат музички симболи на нашето уметничко наследство и актуализација на современото македонско творештво“ – истакна диригентот м-р Илија Атанасов, заблагодарувајќи им се на присутните за поканата и пројавениот интерес токму хорот ГОРТИНИЈА да биде промотор на оваа изложба. На настапот ГОРТИНИЈА изведе хорски дела од македонски композитори Бадев и Скаловски, како и извадок од кантатата „Радовидение“ посветена на градот Радовиш, компонирана од современиот македонски композитор Стојан Стојков.