ПРЕКИНАТ ШТРАЈКОТ НА ЖЕЛЕЗНИЧАРИТЕ. ПРВ ЌЕ СТАРТУВА ПАТНИЧКИОТ ВОЗ СКОПЈЕ-ГЕВГЕЛИЈА
Патничките и товарните возови од попладне повторно ќе сообраќаат, а бојкотот на машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ заврши откако денеска им се исплатени материјалните трошоци за минатиот месец, што беше причина за прекинот на железничкиот сообраќај од вчера во 15 часот.
Ова за МИА го потврди Тони Димовски, претседател на Синдикатот на машиновозачите на Македонија.
Тој најави дека железничкиот сообраќај ќе се нормализира и оти првиот патнички воз што ќе стартува е тој на релацијата Скопје – Гевгелија во 16.55 часот.