ПРЕД СЕДУМ ГОДИНИ БЕШЕ ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈАТА „ГЕВГЕЛИЈА – 130 ГОДИНИ ГРАД“
На денешен ден во 2017 година во Народниот театар беше промовирана монографијата „Гевгелија-130 години град„, во издание на општина Гевгелија. Градоначалникот Иван Франгов истакна дека Гевгелија и порано и сега претставува пример на модерен европски град во секој поглед, додека промоторот, академик Ѓеорѓи Старделов потенцираше дека со оваа монографија Гевгелија влегува во вечноста, а авторите Трајков и Стамков успеале во 180 страни да ја опфатат нејзината материјална и духовна култура. Промоцијата ја збогатија „Распеани гевгеличани„ и хорот „Гортинија„