ПРЕД 99 ГОДИНИ Е „РОДЕН“ ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ „КОЖУФ“. ДОГОДИНА ЌЕ СЛАВИМЕ 100 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА ГЕВГЕЛИСКАТА ФУДБАЛСКА ГОРДОСТ.

Фудбалскиот клуб Кожуф е еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија. Формиран е далечната 1922 година од минатиот век. Времињата и генерациите се менувале, а останувало исто името-Кожуф.Низ сите децении,почнувајќи од онаа пролет 1922 година, кога првите фудбалери го облекоа црвено-белиот дрес, името и бојата на дресовите остануваат исти.
По ослободувањето, по два неуспешни обиди,за прв пат Кожуф станува член на Македонската фудбалска лига во 1950 година. Игра бараж натпревар со екипата на Осогово. На гости е поразен со 2-0, но во реваншот, токму на новата 1950 година, со решавачкиот гол на Вано Вацев, Кожуф победува со 4-1 и влегува во Македонската лига.
Денеска, ФК „Кожуф“ се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига –Исток,каде после 15 кола го зазема 5 место со освоени 20 бодови. Во недела, на 19 декември, ФК „Кожуф“ и гостува на екипата на ФК „Каменица Саса“
На пожолтените страници на Нова Македонија, ја откривме оваа фотографија од првенствениот натпревар Металец-Кожуф, одигран во далечната 1963 година како потсетување дека за две години гевгелискиот фудбалски клуб ќе слави 100 години постоење.
May be an image of one or more people and people standing
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *