Јосиф Вангелов Јосифовски – Свештарот е роден на 2 август 1915 година во Гевгелија, во сиромашно семејство.Потекнува од семејството Јосифови, едно од стотината семејства што селото Мачуково ги имало кон средината на 19 век. Чичко на Јосиф бил учителот и револуционер Сава Михајлов, кој заедно со гевгелиските војводи Аргир Манасиев и Иванчо Карасулски за време на Илинденското востание биле учесници во неколку акции Основно училиште завршил во својот роден град, а потоа своето гимназиско образование го продолжува во Крагуевац, каде се запознал со напредното револуционерно движење и станал активист. По доаѓањето на студии во Белград, продолжил со својата револуционерна активност, но тоа не му сметало редовно да ги полага испитите на Правниот факултет.
Член на Комунистичката партија на Југославија станал во 1938 година. За време на распустот, исто така бил активен, особено во Студентската колонија. Секогаш кога доаѓа во Гевгелија, носел напредна литература. Собира околу себе обесправени, организира читање на забранети материјали. Кога дипломирал, полицијата веќе била добро информирана за неговата комунистичка активност, па не му дозволила да добие работа во родниот град. Затоа работи како приправник во Струмица, каде наишол на добра почва за сеење на комунистичката идеја.
Во првите месеци по окупацијата, Јосиф Јосифовски – Свештарот работи на подготвување на востание во Струмица. Секретар е на месниот комитет на КПЈ за Струмица. Во септември 1941 година, како инструктор на ПК КПЈ за Македонија, бил испратен во Ресенската област да работи на разгорување на вооружена борба против окупаторот. Италијанската полиција го уапси во Корча, како опасен комунист, кој ги држел врските со
Тој дејствувал, главно во Преспа и во другите реони под италијанско-албанска окупација. Уште за време на формирањето на првиот преспанскиот партизански одред “Даме Груев”, 6 јули 1942 година, тој стана нејзиниот политички комесар.
Уште во првата половина на јули 1942 година во село Кленоец бил формиран илегален Народно-ослободителен одбор, како прв орган на народната власт, по што се започнати разни деиверзантски акции на пругата Кичево-Охрид. Офанзивните акции во реонот на село Кленоец започнале на 5 октомври 1943 година. На 6 октомври 1943 година, во жестоката борба и двете страни имаа многу мртви. Политичкиот комесар на втората оперативна зона Јосиф Јосифовски Свештарот, заменик помошникот на баталјонот Мите Трпоски – војводата и заменик комесарот Трајан Белев биле убиени, како и многумина борци од кичевско, охридско, струшко и други места на Македонија.
Јосиф Јосифовски – Свештарот е опеан во неколку народни песни, а прогласен за народен херој на 11 октомври 1951 година.