Game Boy е 8-битна рачна конзола за игри развиена и произведена од Nintendo. Toa е мала, пренослива самостојна конзола за видео игри со вграден дисплеј, контроли за игри и звучници. Рачните конзоли за игри се помали од конзолите за домашни видео игри и располагаат со конзола, дисплеј, звучници и контроли во една единица, што им овозможува на луѓето да ги носат и играат во секое време, на кое било место.
Во 1976 година, Mattel ја воведе првата рачна електронска игра Auto Race . Подоцна, неколку компании – вклучувајќи ги Колеко и Милтон Бредли – направија свои, лесни десктоп или рачни уреди за електронска игра за една игра. Првата комерцијално успешна рачна конзола беше Мерлин од 1978 година , која се продаде во повеќе од 5 милиони примероци. Првата рачна интернет-конзола и првата со екран на допир беше
Game.com објавена од Tiger Electronics во 1997 година.
Нинтендо е заслужен за популаризација на рачната конзола Game Boy во 1989 година и продолжува да доминира на пазарот.Првиот Game boy , најпрво беше објавен во Јапонија во април 1989 година, потоа во Северна Америка, три месеци подоцна, и на крај во Европа, повеќе од една година подоцна.