ПРЕД 20 ГОДИНИ ПОСЛЕДНАТА „БУБАЧКА“ БЕШЕ ПРОИЗВЕДЕНА ВО МЕКСИКО

На 30 јули 2003 година, последната „бубачка“ се симна од производствената лента во Мексико – „фолксвагенот“ број 21.529.464, колку што за 68 години се произведени во Германија и во други земји, со што заврши историјата на најдолго произведениот автомобил. Производството на „фолксваген“ беше идеја на германскиот диктатор Адолф Хитлер.
 
До 1955 година, во Волфсбург беше произведена милионитата „буба“, а најважен странски пазар за овој модел беше САД, каде во 1968 година беа продадени 563.522 примероци, односно 40 отсто од годишното производство.
 
Производството во Волфсбург заврши во 1978 година со доаѓањето на нови модели, како што беше „голфот“. Но, „бубачката“ не исчезна, бидејќи нејзиното производство во Мексико траеше од 1967 до 2003 година, што е подолг период отколку што се произведуваше во Германија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *