ПРЕД 111 ГОДИНИ ВО СКОПЈЕ РОДЕНА МАЈКА ТЕРЕЗА-СВЕТИЦА НА СИРОМАШТИЈАТА И МИЛОСРДИЕТО

Во Скопје, на денешен ден, 26 август 1910 година е родена Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу), основач на сестринскиот ред на милосрдието. Во 1979 година ја добила Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Умрела во Калкута, Индија, на 5 септември 1997 година. На 4 септември, 2016 година, Мајка Тереза беше прогласена за Света Тереза од Калкута, од страна на папата Франциск
Мајка Тереза често велеше „Сепак, не јас, туку Христос живее во мене“. Таа претставува синоним за сето добро, благородно, чесно за тоа како од срце искрено се помага на оние на кои помошта им е најмногу потребна. Таа беше често именувана како светица на сиромаштијата и сиот свој живот им го посветила на невините жртви на насилството, на оние кои умираа низ улиците, на болните од лепра и од сида. Таа живееше едноставно, како за време на животот, така и по нејзината смрт – остана синоним за доброто во светот.
Животната сторија на Мајка Тереза започнува во таканаречениот „Латински кварт” на скопскиот десен брег на реката Вардар, кога Македонија беше дел од Отоманската Империја. Во Скопје ја прима католичката вера и се приклучува кон нејзиното латинско семејство. На 26 август 1910 година се раѓа Агнеса Гонџа, како најмлада од трите деца на Никола и Дрона (Тренда¬фила) Бојаџиу. Куќата во која растела Гонџа се наоѓала на влезот на денешниот Градски трговски центар, на поранешната „Поп Кочина” улица.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *