ОД ТППЕ АПЕЛИРААТ НА ВНИМАТЕЛНО ОДНЕСУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ГРЕЈНИ ТЕЛА ЗА ВРЕМЕ НА НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ
Командирот на ТППЕ Гевгелија, Игор Ризов за Тв Нова 12 изјави дека, во годината што изминува, 2020, до денес се евидентирани вкупно 191 пожар. Од нив, 39 пожари биле на објекти, на отворен простор се евидентирани 126 пожари, на сообраќајни средства имало 5, технички се интервенирало во 9 случаи а под останато се забележани 12 интервенции.
Како споредба, во 2020 година, поради пандемијата, бројот на пожари во општина Гевгелија изнесувал 134, што е зголемување за 57 пожари повеќе.
Од ТППЕ Гевгелија, пред новогодишните празници апелираат граѓаните да ги исчистат оџаците и да извршат проверка на исправноста на електричната инсталација и грејните тела како би се заштителе од пожар.Исто така препорачливо е да не се оставаат сијаличките од новогодишните елки да горат преку целата ноќ, внимателно ракување со електричните апарати и да не се користат петарди во затворени простории.