ПОЖАРОТ КАЈ ТОПЛИК Е Е ЛОКАЛИЗИРАН И СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА
Пожарот кој пред точно 24 часа избувна вчера попладне над браната ,,Топлик,, на ридест терен во подножјето на планината ,,Кожуф,, е локализиран и ставен под контрола од екипите на ТППЕ Гевгелија и шумските работници при подружницата од Гевгелија.
Во гаснењето на пожарот на терен учествуваа 6 пожарникари со две возила на ТППЕ Гевгелија и екипа од пет шумски работници кои со надчовечки напори,поради високата дневна температура и тивкиот ветар кој го распламтуваше огнот,конечно успеаја пред малку да го локализираат пожарот и да го стават под целосна контрола без опасност од негово разгорување и евентуално проширување.
Според првична проценка од шумските работници кои беа на терен,пожарот зафатил површина од околу 5 хектари на кои пред 12 години биле засадени млади дрвца од бор,даб и габер кои за жал изгореле од пламените јазици.
Попладнево екипите се повлекоа од терен,а местото на пожарот до утре сабајле,за кога е предвидена повторна контрола,ќе го посетуваат и надгледуваат шумските патроли.