ПОЖАРОТ КАЈ КОВАНЕЦ ПОД КОНТРОЛА, ЕКИПИ НА ТППЕ И Ш.С „КОЖУФ“СЕ НА ТЕРЕН

Пожарот кој вчера изби на територијата на Општина Гевгелија, поточно кај населеното место Кованец, и зафати површина од околу 60 хектари, е ставен под контрола, иако според денешните информации од лице место сеуште има две жаришта, кои се на недостапен терен и поради што не е можно активно гаснење.
 
На терен, од рано изутрина се екипи на ТППЕ Гевгелија како и на Шумското стопанство „Кожуф“ кои ја следат ситуацијата и се подготвени да реагираат. Во функција е ставен и специјалниот дрон со кој се врши надгледување на опожареното подрачје.
 
Од ТППЕ Гевгелија повторно апелираат до граѓаните на внимание при престојот во шума, затоа што поради високите температури лесно може да дојде до избувнување на пожари. Доколку забележат места со оган или чад, веднаш да пријават во најблиските институции или на единствениот повикувачки број за итни повици 112, како и на броевите 193 и 034/211-881.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *