ПОЖАР НА ПОТЕГОТ ОД МИЛЦИ КОН ХОТЕЛ КАЗИНО „ФЛАМИНГО“

Во близина на граничниот премин Богородица, на хотел казиното „Фламинго“ и Граничната караула на АРМ, околу 13 часот изби пожар. Екипи на ТППЕ Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“ се излезени на лице место и се обидуваат да го изгаснат пожарот кој ја зафати и боровата шума, а огнените јазици се шират кон грчката територија. Од страна на надлежните, се информирани и грчките пожарникари. Засега, не се познати причините за настанување на пожарот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *