ПОТСЕТУВАЊЕ НА ПРЕПОРАКИТЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ КОГА ЌЕ ГЛАСАТЕ УТРЕ? НОСЕТЕ МАСКА, ДРЖЕТЕ РАСТОЈАНИЕ И ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕТЕ ПРЕД И ПО ГЛАСАЊЕТО.

Лицето кое гласа задолжително да носи заштитна маска или шал/марама/ прекривка преку нос и уста. Заради почитување на заштитните превентивни мерки и препораки треба да држи минимум растојание од 1,5 до 2 метра пред влезот, во внатрешноста и при излезот од гласачкото место. Гласачот при самото влегување во внатрешниот простор и при излегувањето треба да ги дезинфицира рацете.
Ова се дел од „Задолжителни препорки заздравствена заштита на во текот на изборниот процес“ кои се однесуваат на гласачите.
– Растојание треба да се држи и при приложување на документот за лична идентификација. Тој потоа накратко ја отстранува личната заштита од лицето заради негова идентификациј.При тоа треба да се почитуваат и ознаките со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање, или да се стои подалеку од граничникот ставен пред членот на избирачкиот одбор – се вели во препораките.
Истовремено на гласачкото место, не смее да има повеќе гласачи од бројот на паравани за гласање.
– При напуштање на гласачкото место, гласачот врши задолжителна дезинфекција на рацете – се наведува во препораките.
May be an image of 1 person and indoor
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *