ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ: ОД 15. НОЕМВРИ ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ЗИМСКАТА ОПРЕМА
Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 килограми се подразбираат зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри или пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 милиметри, ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
Зимски пневматици се оние пневматици кои имаат ознака „MS”,„M+S”, „M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врвови.
Во согласност со Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.