ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ПОВЛАСТЕНА МЕСЕЧНА ИЛИ ГОДИШНА ПАРКИНГ КАРТА ЗА ЈАВНИ ПАРКИРАЛИШТА ВО ЗОНА „А“

За станари во колективни станбени згради во подзоните А1 и А2 потребно е со барањето да достават:

– имотен лист од станот, не постар од 6 месеци, во сопственост на поднесителот или
– договор за закуп на станот заверен пред нотар односно
– договор за послуга, заверен пред нотар
(задолжителна достава имотен лист од станот во прилог на договорите);
– важечка лична карта или потврда за престој во општина Гевгелија, со адреса на живеалиште/престојувалиште со адреса во подзоната;
– важечка сообраќајна дозвола за ПМВ во сопственост на подносителот на барањето или полномошно издадено од сопственикот на ПМВ заверено пред нотар;
– достава на доказ за уплатен месечен или годишен надоместок, пред склучување на договорот.
За првото возило, за станарите во колективни станбени згради од подзоните А1 и А2, не се плаќа надоместок за користење паркинг, а за второто возило надоместокот за паркинг изнесува 600 денари месечно односно 6000 годишно.
 
Договорите за користење на годишните паркинг карти за инвалиди не подлежат на такси и надоместоци.
За физички и правни лица корисници на возила кои се движат само на електричен погон, се наплаќа такса за склучување договор без надоместок за користење.

Државните органи на управа ќе бидат ослободени од плаќање на надоместок по поднесено Барање со достава на доказ за сопственост на возилото и тековна состојба за субјектот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *