ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА СПОРТСКАТА САЛА „ПАРТИЗАН“

Наскоро, ќе започне ревитализацијата на спортската сала ДТВ „Партизан“ во Гевгелија. Со овој проект, Општина Гевгелија преку Центарот за развој на Југоисточниот Плански Регион, во рамки на Проектот: „Подобрување на енергетската ефикасност на јавни објекти во Југоисточниот Регион“ аплицираше на Jaвниот повик од Бирото за регионален развој.
По одобрувањето на Проектот, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и директорот на Центарот за развој на Југоисточниот Плански Регион, Ѓоко Камчев, потпишаа Договор за ревитализација на спортскиот објект ДТВ „Партизан“.
 
Овој општествено-значаен објект во центарот на Гевгелија, за брзо време, ќе добие нов лик. За реализација на истиот, се потребни вкупно 16.377.030 денари, од коишто Општина Гевгелија ќе учествува со 7.776.400 денари. Мојата заложба е целосна искористеност на сите меѓународни и домашни фондови за реализација на проекти коишто се од значење за граѓаните, истакна Сарамандов по потпишувањето на Договорот.
 
Проектот има за цел повторно ставање во функција на најстарата спортска сала во Гевгелија и нејзино отворање за младите спортисти за подготовка и реализација на нивните активности. Особено, ако се има предвид дека бројот на новите спортски здруженија се зголемува, коишто привлекуваат се поголем број на млади луѓе. Средствата за ревитализацијата на спортскиот објект ДТВ „Партизан“ во Гевгелија се обезбедени од Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој со индикативно планирани средства за 2024 година и Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *