„ПОСЛУШНОСТ“- ИЗЛОЖБА НА ПЕРО КОВАНЦАЛИЕВ ВО КАВАДАРЦИ

Во Музејот Галерија во Кавадарци, синоќа беше отворена изложбата „Послушност“ од уметникот Перо Кованцалиев. Изложбата е составена од 20 скулптури кои претставуваат акумулација на човечки уши изведени во повеќе материјали, бронза, алуминиум и полиестер. Акумулациите се изградени во неправилни низи и вообразуваат формации на неправилни форми.
 
Промотор на изложбата беше универзитетскиот професор Васко Шутаров, кој на отворањето ќе рече
„Современиот македонски скулптор м-р Перо Кованцалиев, преку композициите од акумулирани ушни школки, поставени во различни формации од концептот „Послушност”, е во потрага по изгубениот јавен наратив за рамнотежа од послушност и непослушност, толку потребен баланс-премин низ кој послушноста се облагородува во творечка самодисциплина, а непослушноста во слобода на мислата и креативниот чин, вели Шутаров во рецензијата за изложбата.“
 
Перо Кованцалиев зад себе има околу 14 самостојни изложби и учество на триесетина групни изложби воглавном во Македонија. Овој современ македонски скулптор од Гевгелија, кој живее и работи во Скопје, вели дека овие скулпторални формации изложени во музеј галеријат во Кавадарци се инспирирани од два безвременски труда и тоа „ Познатиот милиграмов експеримент, за послушноста кон авторитетите“ каде заклучоците покажале дека луѓето се исклучително послушни и од есејот на Ерих Фром „За непослушноста“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *