ПОСЛЕДНИ „ТЕХНИЧКИ“ ПОДГОТОВКИ ЗА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ВЕЧЕРАШЕН СПАСОВДЕНСКИ ПАНАЃУР

На манастирскиот празник Свети Вознесение Христово – Спасовден во Гевгелија се одржувал голем традиционален панаѓур, кој траел два дена. Тогаш доаѓале многу гости од околните села и поблиските градови, за чие сместување во минатото црковната управа изградила неколку анови.
 
Во поново време панаѓурот трае само еден ден, но содржината останува иста, разновидни тезги на кои се продава од ,,игла до локомотива” и на кои се нудат производи по пониски цени, играчки,бижутерија, фармерки, тренерки, блузи и задолжително стапчиња со „шеќерна волна“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *