ПОСЕТА НА АРХИЕРЕЈСКИОТ НАМЕСНИК ОД ГЕВГЕЛИЈА НА СЕМЕЈСТВОТО БРЉАМОВИ

Вчера, на 02 март (сабота), Архиерејскиот намесник од Гевгелија, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел оствари средба со семејството Брљамови од Гевгелија, на кое им изгоре куќата во пожар на 28-ми февруари 2024-та год.
На средбата со семејството му беше пренесена молитвената поддршка од владиката Агатангел и материјална помош за комлетно покривање на нивниот дом со нови ќерамиди.
Господ Бог, да им дарува сила и ги крепи духовно во овие за нив тешки времиња.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *